Search

Свириме на геј свадби со попуст, ако мајките на младенците исполнат еден услов

Свириме на геј свадби со попуст, ако мајките на младенците исполнат еден услов

Еден хрватски бенд привлече големо внимание со посебна свадбена понуда на Фесјбук, во која наведе дека „свират на геј свадби со попуст“.

Некогашниот бенд Босутски беќари сега настапува под името „Иван Шебаљ и Беќарс“, а на своите настапи сега се насочени повеќе кон поп музиката, а помалку кон тамбурата.

Бендот често настапува и по свадби, поради што вниманието по привлече нивната објава на Фејсбук со посебна свадбена понуда.

„На геј свадби свириме со попуст од 25% под услов двете мајки да дадат бакшиш кога ќе ја свириме „Данас мајко жениш свога сина“, напишаа тие во постот покрај фотографијата на која едниот член на бендот клекнува пред другиот, додека трет ги „венчава“.

Набрзо следеа бројни позитивни коментари, а следбениците им порачаа дека се „генијални“.

 

Треба да знаете
Последни објави