Search

Светските влади ги предупредуваат луѓето да не се шегуваат за вирусот, заканувајќи се со затвор

Денес е 1 април, глобален ден на шегата, но владите ширум светот предупредуваат дека за време на пандемијата не треба да има хумор за смртоносниот вирус, а во некои случаи се закануваат со затвор.

„Гугл“, компанија позната по првоаприлските шеги, ги извести своите вработени дека треба да ја прескокнат оваа традиција од почит кон секој што се бори против пандемијата “Ковид-19“, се наведува во интерна порака, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Пандемијата веќе е придружена со голем број дезинформации на светската мрежа, што им отежнува на владите да ги заштитат своите граѓани. Некои администрации се закануваат со затворска казна за шеги за вирусот. Тајван, кој служи како модел за успешна борба против вирусот, ги предупреди граѓаните што шират гласини дека може да завршат во затвор до три години и да платат казна од 100.000 американски долари.

Тајланд зазеде сличен став и се закани со до пет години затвор за оние што прават шеги за болеста Ковид-19. Во Индија, земја позната по ширење дезинформации преку сервисот „Вокап“, политичарите упатија слични повици.

Многу познати компании кои се шегуваа јавно на 1 април последниве години, сега ја прескокнуваат традицијата.

„Препорака до сите ПР агенции кои планираат шеги на 1 април. Не правете го тоа“, објави Џејмс Херинг од лондонската агенција за односи со јавност „Тејлор Херинг“.

Треба да знаете
Последни објави