Search

Светскиот ден на туризмот во Крушево одбележан во знакот на планинскиот велосипедизам

Во организација на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Ски центар Панорама – Крушево, вчера и денеска беа одржани неколку активности за да се одбележи Светкиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември.

Новиот заменик-амбасадор на Швајцарија, Луциен Аегертер вчера го посети Крушево и оствари средба со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и други локални партнери. Целта на овие средби, информираат организаторите,  беше да се разговара околу минатите и сегашни активности за развој на активниот туризам во Крушево кои се реализираат со швајцарска поддршка.

– Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија, ја имаат за активен туризам. Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот When in X, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија, изјави Луциен Аегертер заменик-амбасадор на Швајцарија.

Oрганизаторите Ски центар Панорама и Швајцарската програма ИМЕ денеска организираа средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта на оваа средба беше дискусија за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација. Со ова беше најавена новата иницијатива што ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка.

Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ истакна дека денеска, заедно со Ски центар Панорама, Општина Крушево, Агенцијата за развој и промоција на туризмот, бајкинг заедницата и останатите локални партнери, го одбележуваат почетокот на уште една инвестиција во Крушево.

– Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед, изјави Георгиевска.

Создавање на вело патеките е од одгромна важност за дополнување на туристичката поддршка, и промоција на активниот туризам во Крушево, истакна Јаким Митревски, преставник на Хотел Панорама.

– Нам како велосипедисти важно ни е обележување на се повеќе велосипедски патеки, и поголема и подбра интраструктура низ целата дестинација, рече Здравко Ристевски, еден од организторите на фестивалот „Крушево низ корија”.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е имплементирана со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на оваа програма е да обезбеди поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ, а истовремено да се осврне на предизвиците кои го отежнуваат вклучувањето на жените и младите лица во овие сектори.

Треба да знаете
Последни објави