Search

Светскиот ден на детето ќе се одбележи со вебинар

По повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето денеска ќе се одржи вебинар на тема „Децата преземаат владин состанок на високо ниво. За децата од децата – иднината на образованието”.

На вебинарот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Дејвид Гир и претставникот на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани.

На вебинарот со младинските застапници ќе учествуваат и министрите Мила Царовска, Венко Филипче, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Треба да знаете
Последни објави