Search

Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

Светската банка одобри план за помош од 12 милијарди американски долари за да им се овозможи на земјите во развој брз пристап до вакцините против Ковид-19 кога ќе станат достапни.

Како што беше најавено, одборот на извршни директори на Светска банка вчера го одобри планот.

Парите ќе бидат искористени за „финансирање на набавка и дистрибуција на вакцини, тестови и третман на граѓаните на тие земји“, се вели во соопштението.

Оваа финансиска помош од Светската банка може да овозможи вакцинирање на до милијарда луѓе.

Целта на Светската банка е да испрати сигнал до истражувачката и фармацевтската индустрија дека граѓаните на земјите во развој исто така мора да имаат пристап до безбедни и ефективни вакцини против Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави