Search

Света Гора ги повика православните верници од целиот свет на молитва

Вечерва, во 19 часот, во Хиландар и многу манастири на Света Гора, ќе се служат бденија во чест на Богородица и светиот маченик Харалампиј за спас и избавување на целиот човечки род од пандемијата на коронавирусот.

Од Света Гора се бара од верниците ширум светот да се молат во исто време.

„Ве покануваме да ги прочитаме Акатистот и Молитвата на Свети Харалампиј во нашите домови во тоа време и, така заедно да вознесеме молитви кон овој голем Божји угодник за избавување на целиот човечки род од пандемијата на коронавирусот“, се наведува на фејсбук-страницата на пријателите на манастирот Хиландар.

Свети Харалампиј веќе еднаш ја спасил Света Гора од епидемијата на чума, и од таа причина секоја година на празникот на свети Харалампиј се служат бденија.

Треба да знаете
Последни објави