Search

Сведочење на другарка на Ангела: Таа беше во врска со Фуркан, но се допишуваше со Пино

На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо се сослушуваа тројца сведоци, кои одговараа на прашањата на обвинителката Лидија Раичевиќ, објави Макфакс.

Другарката на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска, Фросина Петковска, сведочеше дека првообвинетиот Фуркан Али и Ангела биле во врска една и пол година, но и дека таа се допишувала со Пино, кој ѝ се допаѓал.

-Ми зборуваше за Пино додека сè уште не одеше сериозно со Фуркан, рече во сведочењето Петковска.

Другарот на Пино, Дејан Митевски, сведочеше дека Ангела и Пино биле другари, но дека таа му се допаѓала.

-Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше. Беше многу мек со жените, сведочеше Митевски.

Братучедот на Фуркан Али рече дека тие не се дружеле многу бидејќи имале голема разлика во години.

Судијката Ленка Давитковска го закажа следното рочиште за 31 јануари.

 

Треба да знаете
Последни објави