Search

Сведочење: Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико

Сведок на судењето против Ел Чапо во САД изјави дека обвинетиот нарко бос платил 100 милиони долари мито на поранешниот претседател на Мексико, Енрке Пења Нијето.

Долгогодишниот соработник на Ел Чапо, Алекс Чифуентес го кажа тоа за време на вкрстено испрашување во сојузниот суд во Бруклин, одговарајќи на прашање дали е вистина дека нарко босот го подмитил поранешниот претседател на Мексико, пренесе „АП“.

Пења Нијето беше претседател од јануари 2012 до ноември 2018 година, а претходно беше гувернер на сојузната држава што ја вклучува престолнината на Мексико Сити.

Судњето на Ел Чапо почна во ноември минатата година, а тој во 2017 беше испорачан во САД каде се товари дека како шеф на картел крумчарел кокаин, хероин и други видови дрога во земјата. Портпаролоот на Нијета тврдењата за примањето на мито ги нарече лаги и клевети.

Треба да знаете
Последни објави