Search

Сведок во „Таргет“: Мијалков прислушуваше од четвртата зграда, а Грујевски од третата

Актуелниот помошник-директор на Петтата управа во МВР, Сашо Трајковски, денеска сведочи на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното нелегално прислушување.

Трајковски, кој за време на аферата во МВР работел како главен инженер во УБК, откри дека со неговите колеги гледале како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логирале на системот за следење на комуникациите.

– Колку што ми е познато и директорот на УБК и началникот имаа компјутери кои беа поврзани на системот „Најс“. Исто така, имаше кориснички имиња кои можевме да ги видиме, а кои се логираа и под чија што ознака се гледаше дека се најавуваат од просторија од четврта зграда, прв кат и од трета зграда прв кат. Првата просторија е кабинетот на директорот, а втората е канцеларијата на началникот – рече сведокот.

Тој додаде и дека лично видел дека маркирачите, броевите што требало да ги прислушуваат, ги имале запишани на листови, а не на судски налог.

Треба да знаете
Последни објави