Search

СБ на ОН го поздрави примирјето во Либија

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа го поздрави Договорот за трајно примирје во Либија и ги повика спротивставените страни да „покажа ист степен на одлучност во постигнување на политичко решение” на кризата во земјата.

СБ исто така го поздрави и вчерашниот виртуелен состанок на претставниците на Владата во Триполи и нивните ривали и договорот за нивна средба во живо во Тунис на 9 ноември.

Амбасадорката на ОН за Либија, Стефани Вилијамс по минатонеделната средба на ривалските страни во Женева изјави дека примирјето ќе стапи во сила веднаш и оти сите борци мора да ја напуштат Либија во рок од 90 дена.

Во соопштението на СБ се повикуваат сите земји да го почитуваат повеќе пати прекршеното емабарго за испорака на оружје во Либија.

СБ апелира сите земји да „го почитуваат и да го поддржат примирјето” и да ја потврдат својата приврзаност кон „суверенитетот, независноста, територијалниот интегритет и национално единство на Либија”.

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

Владата во Триполи е признаена од ОН,а има и поддршка од Турција и од Катар, силите на Хафтарт имаат поддршка од Обединети Арапски Емирати, Јордан, Египет ио Русија. Во судирите во Либија учествуваат и голем број странски борци од Сирија, Судан и од Чад.

Треба да знаете
Последни објави