Search

„Сајпрус ервејс” откажува и намалува летови кон Грција

Кипарската авиокомпанија „Сајпрус ервејс”, од 18 август ги откажува летовите за Солун и Скиатос, а ја намалува фреквенцијата кон островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата, преку социјалните мрежи соопштија дека одлуката доаѓа откако кипарската Влада ја премести Грција од првата во втората категорија земји.

Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар, ја премести Грција во втората категорија земји со задолжителен негативен тест пред патувањето.

Треба да знаете
Последни објави