Search

Сајкоски: Нема да им бидеме изговор на оние кои се причина за КОВИД катастрофата, наместо класичен протест утре на протест со автомобили против злоупотребите на европските пари

Денес 535 новозаразени и 6 починати. Црн биланс за државата, уште еден доказ за неспособноста на владата. Заклучокот е дека владата најмалку се грижи за здравјето на граѓаните.

И ова е само еден сегмент за незадоволство, иако има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста. Утре ВМРО-ДПМНЕ закажа протест во 18:30 часот, и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта.

Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари.

Утре во 18.30 часот пред платото на СЦ Борис Трајковски па се до СЕП во центарот на Скопје. Апелирам на употреба на заштитни маски, безбедно растојание и почитување на протоколите.

Се гледаме. Стоп за злоупотребата на европските пари.

 

Треба да знаете
Последни објави