Search

Сајкоски: Заев нема право да ги менува идентитетот, историјата и јазикот, народот се крена и кажа доста е на лошите политики

Добровечер граѓани на Македонија, граѓани на отпорот,

Вие сте денеска браникот на државата и секогаш останавте тука. Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност шо денеска и во Кичево и во 19 градови низ Република Македонија по повик на ВМРО-ДПМНЕ излегоа огромен број на граѓани.

Граѓани коишто сакаат да кажат доста е! Доста е на неправдите! Доста е на криминалот! Доста е на лошите политики!

Ние како ВМРО-ДПМНЕ отпочнавме и укажавме на владата на Зоран Заев дека е штетен анексот на Договорот, дека води штетни политики, дека никој никогаш не може да одредува идентитет на народ. Никој нема право никому да му го одземе мајчиниот јазик, тој е само мајчин  и негов јазик. Никој не може да  ја креира историјата на никој народ, бидејќи историјата ја градат народите, не се потпишува, не може ниту Заев ниту Борисов да ја одредат историјата.

Никој никому не може да му одреди каков народ е. Ние сме посебен народ, ние сме македонски народ, ние  сме народ кој што низ вековите живеел, ја градел својата иднина и го исцртувал минатото.

Сакаме да порачаме, и остро да се спротивставиме, да укажеме и да кажеме дека на владата на Заев е доста! Доста е! Оставка сега и веднаш!

Тоа не го кажуваме само ние, тоа  го кажаа 60 академици, тоа го кажаа исто така професори на факултетот, тоа го кажа МАНУ, тоа го кажа ректорот на УКИМ, и тоа го кажува денес македонскиот народ во Кичево и во цела Македонија.

Благодарам на сите, да опстоиме и да ја донесеме победата.

Треба да знаете
Последни објави