Search

Сајкоски: Владата на Заев нема план за ниту едно прашање, веднаш да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга и уште во 10 градови низ Македонија протестира. Ги повика граѓаните на Македонија да го кренат својот глас. Ние македонските граѓани увидовме изминатиот период дека Владата на Заев нема план.

Нема план ниту во здравството, ниту во економијата, ниту да ја развива Македонија. Граѓаните на Македонија увидоа дека Владата на Заев нема план ниту за договорот со Бугарија.

Иако не убедуваа дека во 2017-та година е завршено со Бугарија и договорот е завршен, ние денеска увидовме дека договорот не само што не е завршен туку, ќе се ревидира. Затоа порачуваме, да се прекине со катастрофалните лоши политики и Заев мора да поднесе оставка.

Македонскиот народ му порачува на Заев дека неможе да ни биде избришана македонската свест.

Не може да се подегне по меморијата на граѓаните што ни ја пренеле нашите претци. Не може да ни биде одземен мајчиниот јазик, македонскиот јазик. Не може да ни биде одземена државата.

Ниту да ни биде интегритетот нарушен на нашата држава. Бидејќи нашата држава ни е наследство од нашите претци.

Затоа го повикуваме, бидејќи не може да ги реши проблемите на граѓаните во Македонија веднаш да си поднесе оставка. Тоа е барањето од народот.

 

Треба да знаете
Последни објави