Search

Саше Димовски за Сведок: Чекајте апсење и на Катица Јанева

Новинарот Саше Димовски кој вообичаено ја следи проблематиката во судството, за порталот „Сведок“, објави коментар под наслов: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?

Кој што правел треба да е свесен дека еден ден за тоа ќе сноси последици и да биде подготвен да се соочи и да се носи со нив. Сум се изнагледал во мојата 25 годишна пракса а судски известувач многумина што продефилирале со лисици на раце, што биле судени, осудувани, ослоободуувани!

Обично, за сите нив кој одат во притвор, главниот муабет е какви цигари пушат, за да им се носат за време на посетите!

За никого не сум имал мотив да му се обраќам со тоа „какви цигари пуши“, но овој пат, бидејќи ги помина сите црвени линии, тоа гласно му го поставувам на Зоран Милевски, викан Кичеец или Кичевски, по неговото место на потекло Кичево: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам у притвор?

А, еве и зошто:

– Кичевскиов, или какоо и да му е надимаков, го знаев само како еден „пролазен“ лик од времето на ВМРО, како пајташ и поттрчко на Сашо Мијалков, кој зад него скриваше дел од бизнисите. Дел од колегите во едно дамнешно време го пишуваа во „Фокус“ и на портали, и тоа беше се што знаев за овој лик, за кој немав никаков интерес да знам ама ништо повеќе.

Слушнав дека нешто ги префрлил бизнисите од една „фамиилиија“ сега во друга, околуу кланот Заев, но ни тоа не ме заинтересира, зашто ја знам вреденоста на тие наменски ликови.

Но, пред неколку месеци, на крај на 2018 мислам, имав случајна средна со кичевскиот во кафана, која воопшто не мислев дека би била вредна за споменување, ако тој не ја злоупотребеше, па ова моево е само колорит на неговата приказна.

На кафе средбата со член на семејството на сега рекетираниот бизнисмен опфатен со „Империја“ *и јас како Вилма Рускоска и Љубомир Јовески ќе зборувам во шифри делумно), случајно се затекна и Зоран Милевски, кој седел од претходно со две старлети. И ова немаше да биде важно, но Твитер заедницата пишува дека неговата сопруга побарала развод тому поради неговата блискост со БОКИ 13, па оваа информација за неговите вонбрачни излети нема да му наштети ни нему, ниту на старлетите кои немаат право да го посетуваат додека е зад решетки.

Се исплашил човеков да не напишам нешто, а јас стварно ни на крај памет немав да се замарам со неговите швалерски способности, кога, во тој краток муабет од нога, јас одбрусив дека не го знам, а не ни сакам да гии знам кичевчаните, па излезе дека и јас и тој знаеме еден кичевчанец, за кој Милевски ми вели „па мене ми е брат“.

Чудно, велам, мене ми е братучед, ама не знаев дека сте биле браќа! И така, толку беше од таа една и единствена 2 минутна средба, по која стигна и првата „замолница“, да не пишувам нешто за старлетите! Јас ги измерив вака од око да видам колку кила силикон имаат ставено на нив и заборавив и на старлетите и на средбата и на Кичевскиот.

Но, тој не заборавил на мене, па во текот на декември лани, кога објавив дека синот на Катица Јанева, Лазар работи во телевизијата која наводно е на Боки 13, Милевски, заедно со Боки 13, се испотепале да најдат врски кај мои блиски, за јас да сум го повлечел текстот. Катица Јанева седела во кафани и гласно викала дека знае кој од СЈО ми го нарачал текстот, дека тоа била хајла против неа, а во суштина, тоа бил почетокот на реализација на нивниот рекет план како да добијат 8 милиони евра

Ми се јавија повеќе луѓе, но сите ги испратив во мајчина!

Треба да знаете
Последни објави