Search

Саша Богдановиќ и избраничката Јелена се венчаа во Косово во духот на српската традиција

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ и избраничката Јелена Брауновиќ се венчаа денеска во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, пренесе Слободен печат.

Во дворот на живописниот српски средновековен манастир на Грачаница, младоженецот пристигнал облечен во костум. Неговата избраничка Јелена Брауновиќ, пак, била облечена во прекрасна комбинација на традиционалното и модерното – бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија.

На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.

Фото: Слободен Печат

 

Треба да знаете
Последни објави