Search

Сахарска прашина во Европа и на Балканот

Сахарска прашина овој викенд ја зафати западна Европа и западниот Медитеран од каде ќе продолжи кон север. Во моментот е над Франција и Шпанија.

Прашината во Европа доаѓа од Алжир.

Голем облак прашина пристигна и во Хрватска. Како што пренесуваат српските медиуми, се очекува прашината да дојде и во Србија, во вторник и среда.

Прашината не предизвикува здравствени проблеми и нема никакви сериозни последици.

Треба да знаете
Последни објави