Search

Саутгејт нема намера да ја напушти менаџерската функција на селекцијата на Англија

Гарет Саутгејт нема планови да ја напушти работата како селектор на Англија пред ЕП 2020, но признава дека неговата иднина е неизвесна после тоа.

Саутгејт ја предводеше Англија до нивниот прв полуфинален натпревар од Светското првенство од 1990 година, за време на незаборавната серија во Русија минатата година.

-Па, прво и најважно, ја сакам работата во која сум, изјави Саутгејт кога беше запрашан за врската со Манчестер јунајтед.

-Горд сум што сум менаџер на Англија…И ЕП на домашен терен – добро, велам дома, групната фаза е дома – така што не постои начин јас да речам – си одам од ова, вели тој

-Сигурен сум дека во одреден момент од мојот живот, ќе сакам да се вратам во клупскиот фудбал, бидејќи луѓето ќе речат – тој направи добро како меѓународен менаџер, но не работи како менаџер на клуб.

Треба да знаете
Последни објави