Search

Саутгејт го повика повредениот Кејн и осум учесници во финалето на ЛШ

Капитенот на Англија, Хари Кејн, кој се уште ја лекува повредата на глуждот, беше вклучен во составот на Герет Саутгејт за натпреварите од финалната четворка во Лигата на нациите. Уште еден фудбалер, кој во моментов лекува повреда – Хари Винкс, исто така, се најде меѓу 27-те повикани. Четворица од оваа група мора да отпаднат, откако 23-ца ќепатуваат за Португалија.

Нејтан Редмонд се најде меѓу избраните. Фабијан Делф, Џо Гомез и Џеси Лингард се враќаат, додека Рубен Лофтус-Чик и Калум Хадсон-Одои отпаднаа поради повреди.

Во тимот влегоа вкупно деветмина играчи, кои ќе земат учество во овогодинешното финале на Лигата на Шампионите – Тотенхем (6) и Ливерпул (3).

Еве го проширениот состав на селекторот Саутгејт:

Голмани: Џек Бутланд, Том Хитон, Јорк Пикфорд

Одбрана: Трент Александар-Арнолд, Бен Чилвел, Џо Гомез, Мајкл Кин, Хари Мегваер, Дани Роуз, Џон Стоунс, Киерсн Трипиер, ​​Кајл Вокер

Среден ред: Деле Али, Рос Баркли, Фабијан Делф, Ерик Даер, Џордан Хендерсон, Џеси Лингард, Нејтан Редмонд, Деклан Рајс, Џејмс Ворд-Праус, Хари Винкс

Напад: Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Џејдан Санчо, Рахим Стирлинг, Калум Вилсон.

Треба да знаете
Последни објави