Search

Саул донесе триумф за Атлетико Мадрид против Осасуна

Атлетико Мадрид оствари минимална, но многу важна победа во Памплона совладувајќи ја Осасуна со 0:1. Сега тимот на Диего Симеоне има три бода предност во однос на Вилјареал во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Саул Нигез беше човекот на одлука за гостите од Мадрид. По одличното проигрување од Родриго де Пол, Саул Нигез ја прифати топката на гради, влезе во шеснаесетникот и погоди на вистинското место во 74.минута од дуелот.

Треба да знаете
Последни објави