Search

Саудискиот фудбалер, кој доби страшна повреда, успешно опериран

Дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Јасер ал-Шахрани, е успешно опериран и сигурно ќе ги пропушти преостанатите средби на селекцијата на СП 2022 во Катар, пренесува „Ројтерс“.

Дефанзивецот ја заработи повредата за време на вчерашната сензационална победа од 2:1 во групата Ц против Аргентина.

Ал-Шахрани падна на земјата кога се судри со голманот Мохамед ал-Оваис во судиското надополнување и беше изнесен надвор од теренот на носилки.

„Јасер ал-Шахрани беше подложен на успешна операција во болница во Ријад“, објави Саудиската федерација на социјалните мрежи.

Неговиот судир со голманот резултирал со фрактура на вилицата, скршени коски на лицето и внатрешно крвавење. За скршеницата на лицето беше потребна операција на клиника во Германија, како и уште една процедура за да биде сопрено внатрешно крвавење.

Потоа, Јасер ал-Шахрани е вратен во Саудиска Арабија и повторно е опериран поради внатрешно крвавење на панкреасот.

Треба да знаете
Последни објави