Search

Саудиска Арабија ја отфрли истрагата на ОН за одговорноста на принцот во случајот Кашоги

Саудиска Арабија го отфрли повикот на експертот за човекови права на ОН дека престолонаследникот Мохамед бин Салман треба да биде предмет на истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги и истакна дека судската пракса на кралството во справувањето со случајот „не е прашање на пазарење”.

Саудискиот државен министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, изјави дека во извештајот на Агнес Каламар, специјална известувачка на ОН за вонсудски убиства, има „очигледни контрадикции” и неосновани обвинувања.

– Ние жестоко го отфрламе секој обид да се допре раководството на кралството или случајот да се извади од судскиот систем на кралството”, напиша ал-Џубеир во неколку твитови.

Треба да знаете
Последни објави