Search

Сателитска снимка покажува дека иранскиот танкер плови кон Сирија

Иранскиот танкер Адријан Дарја 1 е во близина на сириското пристаниште Тартус, и покрај напорите на САД да го запленат, покажуваат сателитски слики на компанијата „Максар технолоџис”.

Иранските власти не признаваат дека танкерот плови кон Сирија, пренесува Танјуг. Танкерот, претходно познат како Грејс 1, во понеделникот го исклучи својот систем за автоматска идентификација.

Новите фотографии се совпаѓаат со црно-белата слика претходно објавена на Твитер од американскиот советник за безбедност Џон Болтон, со коментар дека секој што вели дека Адријан Дарија не оди во Сирија, греши.

Танкерот се најде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Западот, откако во јули беше заробен во Гибралтар под сомнение дека превезува нафта во Сирија, што претставува кршење на меѓународните санкции. Тој подоцна беше ослободен откако иранските власти ветија дека танкерот нема да замине во Сирија, но САД сè уште се обидуваат да го запленат.

Треба да знаете
Последни објави