Search

Сатанските патики ќе бидат повлечени од продажба, „Најк“се согласи на спогодба во спорот против MSCHF

„Најк“ вели дека уметничкиот колектив што ги направи таканаречените Satan shoes или патики на ѓаволот, кои, наводно, содржат капка човечка крв во ѓонот, се согласил да нареди доброволно повлекување на истите како дел од правна спогодба.

Патиките од 1.018 долари се модификација на Nike Air Max 97. Направени се само 666 пара и сите освен еден се веќе отпремени.

Колективот MSCHF ќе им понуди целосна компензација односно повраток на парите на клиентите кои ги купиле патиките со цел да ги отстрани од оптек, соопшти „Најк“.

Спогодбата решава тужба за повреда на заштитиниот знак поднесена од гигантот за спортка опрема.

Контроверзните патики ги произведе мала компанија од Бруклин во соработка со раперот Лил Нас Икс, кој го држеше последниот пар за да може тој да го избере купувачот.

MSCHF ќе го задржи последниот пар патики.

Нема објавено повеќе детали во врска со спогодбата , која ги вклучува и таканаречените Jesus Shoes (Исусови патики) произведени од MSCHF во 2019 година, исто така, со користење на Најковите Air Max 97 како база.

Треба да знаете
Последни објави