Search

Сасуоло го шокираше Милан на „Сан Сиро“

Милан немаше ниту еден пораз во првите 12 кола во Серија А, а сега за неполни 10 дена два пати загуби. Прв беше поразот на гости кај Фиорентина со 4:3, а сега пред своите навивачи загубија од Сасуоло со 1:3.

Почетокот на мечот не навестуваше дека Милан ќе загуби, посебно што домаќините поведоа со голот на Ромањоливо 21 минута. Само три минути подоцна Скамака израмни на 1:1 со прекрасен шут од далечина. До крајот на првиот дел, Кјаер си даде автогол и Сасуоло поведе со 2:1.

Во второто полувреме Сасуоло преку искусниот Берарди зголеми на 3:1 и потврди дека по втор пат за само седум месеци ќе си замине победнички од „Сан Сиро“. Во април оваа година, Сасуоло победи со 2:1 против Милан на негов терен.

Во вториот меч кој се играше од 15 часот, Болоња на гости минимално со 1:0 славеше над Специја, благодарение на голот на Арнаутовиќ во 83 минута. Со оваа победа, Болоња стигна до 21 бод и сега е на деветото место, додека Специја остана со 11 бодови и е на 17 место, последно кое носи опстанок.

Треба да знаете
Последни објави