Search

Сари: Среќен сум во Челзи

Маурицио Сари е среќен во Челзи и не планира да замине од Лондон.

Тренерот на „сините” изјави дека има двогодишен договор со Челзи и дека не контактирал со ниеден друг клуб. Со тоа италијанскиот стратег ги демантираше наводите дека контактирал со Јувентус, со цел да го замени Макс Алегри кој замина од Старада дама.

– Сега размислувам само на финалето против Арсенал, мило ми е што италијанските клубови се заинтересирани за мене, но би бил среќен доколку продолжам со Челзи, изјави Сари.

Во врска со наводите дека исходот на финалетое на Лига Европа ќе биде пресуден за неговото останување во Лондон, Италијанскиот тренер изјави дека неговата работа во текот на целата година со Челзи не може да се отфрли за 90 минути.

Сари додаде дека на крајот на сезоната ќе седне со челниците на клубот и ќе ги анализираат сите резултати.

Треба да знаете
Последни објави