Search

Сари не разговарал со Пјаниќ откако потпиша за Барселона

Босанскиот фудбалски интеранционалец Миралем Пјаниќ ги одбројува последните денови во тимот на италјанскиот шампион Јувентус, откако пред неколку дена стави потпис на договор со Барселона. Шпанскиот и италјанскиот првак, Барселона и Јувентус преговараа речиси два месеци, за на крајот на задоволство на двете страни е постигнат догвор Пјаниќ да се пресели на „Камп Ноу“, а Артур Мело на „Алијанц“ во Торино., но само од следната сезона.

Јувентус реши сериозно да смета на Пјаниќ до крајот на оваа сезона. Искусниот играч од средниот ред на гостувањето против Џенова каде „старата дама“ победи (1:3) прикажа добра партија.

По натпреварот, ситуацијата со трансферот на Пјаниќ ја коментираше тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, кој откри дека во последните денови воопшто не разговарал со новиот играч на Барселона.

-Деновиве не сум разговарал со Пјаниќ … Последен пат кога го сторив тоа беше по карантинот, затоа што беше резервиран за овие 20-25 дена. Сигурен сум дека тој ќе игра добро во овој период. Воопшто не сум загрижен од таа страна. изјави Сари.

Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барселона со неверојатна откупна клаузула во висина од 400 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави