Search

Сари: Игуаин? Веќе го имам Мората!

Ако може да се суди по изјавата на Маурицио Сари, Челси ова лето нема да доведе засилување во нападот.

Иако Гонзало Игуаин долго време се поврзуваше со трансфер во Челси, се чини дека Сари сепак нема да се откаже од Алваро Мората и ќе му даде шанса во новата сезона.

На прашањето дали аргентинскиот напаѓач би можел да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, Маурицио Сари даде јасен одговор.

„Игуаин? Веќе го имам Мората! Го очекувам неговото најдобро издание. Досега одигра многу пријателски натпревари во Австралија и задоволен сум со него и јас сум оптимист кога станува збор за неговата иднина“, изјави Сари.

Треба да знаете
Последни објави