Search

Сариџа по елиминацијата на Турција: Не бевме ментално подготвени

Турција беше елиминирана од следната фаза на Светското првенство во Кина, откако дозволи пораз со 76:91 против силниот тим на Чешка. Исцрпувачката битка со САД јасно си го кажа зборот и Турците не успеаја да се рехабилитираат за денешниот натпревар. Нивниот ментор, Уфук Сариџа беше крајно незадоволен од својот тим, покажувајќи го тоа на прес-конференцијата по натпреварот.

– Требаше да сме ментално подготвени, но не бевме. На почетокот на натпреварот беше јасно дека немаме енергија. Бевме премногу бавни, не игравме добро. Чесите ни покажаа како да играме на ваков натпревар. Ни покажаа што направивме на натпреварот против Соединетите држави пред два дена, рече Сариџа.

Турците ќе продолжат да се натпреваруваат на Светскиот куп во 2019 година, но ќе се борат за пласман од 17-то до 32-ро место. Тие допрва треба да одиграат уште два натпревари во втората фаза на турнирот – против Црна Гора и Нов Зеланд.

Треба да знаете
Последни објави