Search

Сара Џесика Паркер ги опслужува клиентите во својот бутик за чевли

Извршната директорка и сопственичка на модната галантерија SJP Collection, Сара Џесика Паркер, им помагаше во изборот и подаваше шопинг-торби на купувачите во нејзиниот бутик во центарот на Менхетен во вторникот попладне.

Иронично, водечката локација на „Вест 54 стрит“ порано беше бутик на Маноло Бланк до затворањето во 2019 година.

55-годишната актерка, а сега и успешна деловна жена и дизајнерка на женски обувки, беше фотографирана како работи во сопствениот бутик.

На себе има Селин чевли со ниски потпетици од 425 долари, сив топ и тренирки потници преку бели хеланки.

Сара Џесика, позната по улогата на Кери Бредшо во хит-серијата „Сексот и градот“, неодамна изјави дека пандемијата и масовното иселување на добростоечките њујорчани ги остави локалните бизниси во маки.

Треба да знаете
Последни објави