Search

Сара Мишел Гелар во модни креации на Кристијан Сиријано

Откако се повлече од големото платно, глумицата Сара Мишел Гелар глуми во ТВ-проекти и ги користи социјалните мрежи за промоција на гламурозни парчиња облека од најновата мода.

Имено, ѕвездата на хорор-филмовите од почетокот на овој век, со неколку свои пресоблекувања и објави на Инстаграм го продолжи своето виртуелно гостување на ревијата на дизајнерот Кристијан Сиријано за неговата линија за пролет 2021 година, којашто се одржа неодамна.

Следни проекти на глумицата се ТВ-сериите „Куќите на другите”, „Понекогаш, лажам” и цртаната мини-серија „Господари на универзумот”.

Треба да знаете
Последни објави