Search

„Сан“: Бекам преговара за патување во вселената

Дејвид Бекам почна тајни преговори за да стане првиот „турист“ кој ќе патува во вселената. Самиот тој признава дека се чувствува малку нервозно поради тоа, објави магазинот „Сан“ повикувајќи се на анонимни извори.

Поранешниот фудбалер конечно ќе си го оствари сонот. Магазинот „Сан“ објави дека Бекам веќе подолго време размислува за ова, со оглед на тоа што за патување во вселената засега не постоеја реални шанси. Но, тој не сака само да отпатува во вселената туку сака и да шутне топка.

„Децата на Бекам постојано зборуваат за тоа и многу им се допаѓа идејата“, изјавил извор близок до семејството.

Истиот извор навел дека Бекам е многу нервозен поради патувањето. Многумина веќе шпекулираат дека светски брендови ќе му понудат многу пари на Бекам, имајќи предвид дека досега не се случило ништо слично.

„Сан“ неофицијално дознава дека Бекам веќе подолго време е во контакт со претставници на „Вирџин атлантик“ која моментно води во трката за патување во вселената. Ричард Бренсон неодамна изјави дека неговата комапнија за вселенски туризам е на прагот до остварување на можноста да превезува патници во вселената.

Треба да знаете
Последни објави