Search

Санчез: Шпанија може да стане „европски Холивуд”

Шпанската Влада има намера земјата да ја претвори во „европски Холивуд”, најави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, за време на посетата во Лос Анџелес, САД.

– Ние се стремиме да станеме, ако дозволите така да споредам – европски Холивуд. Информативно-забавните платформи станаа прозорец преку кој милиони луѓе гледаат кон новата реалност, изјави Санчез.

Премиерот се состана со претставници на „Нетфликс”, „ХБО”, „Ворнер-Медија”, „Дизни” и други продукциски куќи. Санчез притоа ги истакна главните елементи на планот, според кој шпанските власти планираат да издвојат 1,6 милијарди евра за промовирање на шпанскиот аудиовизуелен сектор. Иницијативата вклучува даночни олеснувања за продуцентите кои ја избираат земјата за своите проекти, како и издавање специјални визи за да се олесни доаѓањето на филмските професионалци во Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави