Search

Санчез успешнo опериран

– Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез денес помина успешна операција на левиот глужд, соопштија од клубот.
Интервенцијата ја извршил д-р Рамон Кугат во Барселона, откако била потврдена првичната дијагностика на медицинскиот персонал на италијанскиот гигант за повреда во тетива на глуждот.

Отстапениот од Манчестер Јунајтед фудбалер ќе биде аут од теренот околу 3 месеци. Тој беше повреден за време на контролната на Чиле со Колумбија, која заврши 0-0.

Санчез оваа сезона има четири натпревари и еден гол за Интер.

Треба да знаете
Последни објави