Search

Санчез: Со договорот за Брегзит, Шпанија е во посилна позиција за гибралтарското прашање

Шпанија е во посилна позиција во врска со гибралтарското прашање откако денеска европските лидери го одобрија договорот за излез на Велика Британија од ЕУ и поставија рамка за идните односи, изјави на прес-конференција во Брисел шпанскиот премиер Педро Санчез.

– На овој начин Шпанија ќе преговара со Велика Британија за гибралтарското прашање од позиција на сила, истакна Санчез по средбата на врвот во Брисел.

Гибралтар е британска прекуморска територија од 1713 година, но Мадрид води спорови за неа.

Треба да знаете
Последни објави