Search

Санчез: Не сум среќен во Баерн

 Напаѓачот на Баерн Минхен, Ренато Санчез воопшто не е задоволен од неговиот статус во тимот.

 

Португалецот е тврда резерва и иако има 21 натпревари во сите натпреварувања во сезоната, тој речиси никогаш не влегува во стартниот состав на Нико Ковач.

Од почетокот на календарската година поранешниот фудбалер на Бенфика се појавил на теренот пет пати од клупата, а најмногу минути запиша при гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах) – 16.

– Не можам да кажам дека сум среќен во Баерн. Се трудам многу на тренинзите, но не ме пуштаат да играм. Мислам за тоа што е најдобро за мојот развој. Сакам да играм редовно и можеби во друг клуб ќе ја имам оваа шанса, изјави Ренато Санчез.

Европскиот шампион со Португалија се смета за еден од играчите кои сигурно ќе си заминат од „Алијанц Арена“ по крајот на сезоната.
Треба да знаете
Последни објави