Search

Санчез може да му биде конкуренција на Несторовски во Удинезе

Алексис Санчез од редовите на Манчестер јунајтед би можел да му биде конкуренција на македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач Илија Нестороски за место во тимот на калчолигашот Удинезе, доколку се обистинат најавите на медиумите дека за Чилеанецот е заинтересиран клубот од Удине, каде настапуваше пред  осум години. Санчез од Удинезе замина во Барселона, па во Арсенал од каде стигна до Манчестер јунајтед со кого има договор до 2022 година , но малку добива шанса за настап, па се најде пред излезната врата на „Олд Трафорд“.

Во Удинезе летово пак пристигна како слободен играч Несторвски, откако неговиот Палермо беше преселен во четвртолигашката конкуренција во Италија.

Според „Мирор“ покрај Удинезе интерес за Санчез има уште од четири екипи од Серија А – Интер, Јувентус, Милан и Рома. Ове екипи сакаат да го земат Чилеанецот на позјмица, па доколку фудбалски се потврди во нивната средина да го откупат целосно договорот.

Треба да знаете
Последни објави