Search

Санчез-Бордона: Велика Британија може да се откаже од брегзит

Велика Британија може еднострано да го откаже повлекувањето од ЕУ, односно да го прекине брегзит, порача судијата во Врховниот суд, Мануел Кампос Санчез-Бордона, објави Би-би-си. Како што се наведува, необврзувачкото мислење го доставил до Европскиот суд на правдата, кој подоцна треба да ја достави својата конечна пресуда.

Група шкотски политичари претходно побараа од судот Велика Британија да го прекине брегзит без согласност од другите земји-членки.

Советите на генералниот адвокат Санчез-Бордона доаѓаат откако Долниот дом започна петдневни дебати за предложениот договор за брегзит на премиерката Тереза Мај, со гласање што треба да се одржи следниот вторник.

Во писмена изјава, ЕСП соопшти дека мислењето на Кампос Санчез-Бордона е дека ако една земја одлучи да ја напушти ЕУ, таа исто така треба да има моќ да го промени својот став, за време на процесот на излегување од две години, утврден во член 50 од Договорот на ЕУ .

Според неговото мислење, Британија треба да биде во можност да го стори тоа без потреба од согласност од другите 27 земји-членки.

Треба да знаете
Последни објави