Search

Санчез: Без договор за Гибралтар, веројатно нема да има самит на ЕУ

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, рече дека самитот на европските лидери на кој треба да биде постигнат договор за Брегзит, најверојатно ќе биде откажан доколку не биде постигнат претходен договор за Гибралтар.

-Ако нема договор, очигледно е дека Европскиот совет, најверојатно, нема да се одржи, рече Санчез на прес-конференцијата во Хавана, каде што е во официјална посета на Куба.

Решевање на проблемот со Гибралтар досега веќе неколку пати побараа шпанските власти. Претходно денеска Шпанија соопшти дека во договорот за брегзит мора јасно да се стави до знаење дека Мадрид ќе го има последниот збор за тоа како идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија ќе влијаат на Гибралтар, британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров.

Треба да знаете
Последни објави