Search

Сантош по поразот од Шпанија: Моравме повеќе да комбинираме

 Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош ги искажа своите впечатоците за натпреварот со Шпанија во натпреварот од Лигата на нации.

Шпанците синоќа во Брага победија со 1:0, стрелец на единствениот гол беше Алваро Мората во 88. минута.

– Тимот одигра многу добро во првото полувреме. Изгледавме добро и покрај тоа што Шпанците имаа поголем посед на топката. Но, моравме повеќе да комбинираме со топката за да го развлечеме противникот и да создадеме поголем притисок. Во првото полувреме создадовме неколку шанси, додека Шпанија не направи ништо, изјави Сантош.

Шпанците го освоија првото место во својата група и се пласираа во плеј-офот од Лигата на нации.

Треба да знаете
Последни објави