Search

Сантос во Тирана: Дијалог, обединување и завршување на изборната реформа

– Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос, која денеска престојува во Тирана,изјави дека за да се овозможи започнување преговори за членство во ЕУ, мора сите политички актери да бидат обединети.

-Потребни ни се добри и силни сигнали за да продолжиме напред во овој процес за членство. Сите ние сакаме отворање на преговорите и тоа треба да биде главната цел. Време е сите да се обеднат за да го постигнат ова. Ова е моментот да бидат обеднети. За да ја заштитам Албанија, ќе го сторам тоа, но сакам сите политички актери да бидат со мене, рече Сантос.

Посочи дека 97 отсто од албанските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ.

-Значи, политичарите треба да разберат какви се интересите на граѓаните, а интересите на граѓаните мора да се почитуваат и треба да бидат над чиј било друг интерес или над нашите интереси како политичари, како личности и над интересите на политичките партии. Ова е мојот повик, ова е мојот апел. Дијалог и обединување во Албанија,порача таа.

Во врска со барањата на опозцијата за предвремени парламентарни избори,Сантос рече тоа е одлука што треба да ја донесат политичките актери о земјата, а не таа.

-Оваа одлука треба да ја донесат политичките актери во земјата. Единствениот повик е изборна реформа. Албанија треба да ја заврши изборната реформа врз основа на препораките на ОБСЕ / ОДИХР. Што се однесува до предвремените избори, тоа е одлука што политичките актери ќе треба да ја донесат, а не јас,изјави известувачот на Европскиот парламент Изабел Сантос.

Власта и опозицијата минатиот месец формираа комисија за подготовка на новата изборна реформа,која треба да биде готова до 15 идниот месец. 

Треба да знаете
Последни објави