Search

Санкционирани 266 возачи во Скопје: 102 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 102 прекршоци, нерегистрирани возила 9, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави