Search

Санкциите за Хезболах му штетат на Либан

Долгогодишниот спикер на либанскиот парламент, Набих Бери, изјави денеска на среднбата со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека американските санкциите за Хезболах имаат негативно влијание врз Либан и Либанците, пренесува РТ.

Бери му рекол на Помпео дека Хезболах е либанска партија во владата и во парламентот. Тој, исто така, нагласил дека вооружениот отпор на Хезболах против Израел е резултат на континуираната израелска окупација на либанската територија.

Помпео ја истакнла загриженоста на САД во врска со дестабилизирачките активности на Хезболах во Либан и во регионот и ризиците што ги претставува групата за безбедноста, стабилноста и просперитетот на Либан.

Треба да знаете
Последни објави