Search

„Сандеј тајмс”: Британија испраќа маринци во Оманскиот Залив

Велика Британија ќе испрати елитни единици на морнарицата во Оманскиот Залив, со цел да ги заштити своите воени бродови по зголемените тензии со Иран, пишува „Сандеј тајмс”.

Планираното распоредување на британските сили следува по неодамнешниот напад врз два нафтени танкера, за што САД го обвинија Иран.

Како што се очекува, стотина британски маринци ќе бидат испратени во Оманскиот Залив, каде ќе им се придружат на бродовите од новата британска морнаричка база во Бахреин, изјавиле за „Сандеј тајмс” неименувани воени извори.

Морнарицата ќе го надгледува теснецот со хеликоптери и помали бродови во мисијата за „заштита на силите”, која се планира неколку недели поради зголемените тензии со Техеран.

За улогата на Британија во кризата во Оманскиот Залив ќе се разговараат утре на вонреден состанок воени и безбедносни официјални претставници, пишува весникот.

Поради тензиите во регионот САД веќе испратија свој носач на авиони и дополнителни 1.500 војници во Персискиот Залив.

Треба да знаете
Последни објави