Search

Самсунг веќе нема да произведува мобилни телефони во Кина

Самсунг Електроникс ќе ја прекине работата во една од своите фабрики за производство на мобилни телефони во Кина, изјави денеска портпаролка на компанијата.

Причина за тоа е намалување на продажбата и пораст на трошоците за работа во Кина во последните неколку години.

– Поради тоа Самсунг ги фокусира своите главни инвестиции во мобилни телефони во производствените погони во Виетнам и Индија, соопшти компанијата.

Освен фабриката во градот Тианин, во североисточниот дел на Кина, која ќе се затвори, Самсунг има уште една кинеска фабрика за телефони во Хуижоу, во провинцијата Гуангдонг

Треба да знаете
Последни објави