Search

Само Шварценегер може да вози армиски џип низ град

Арнолд Шварценегер излезе со неговиот масивен армиски џип „хамви“ за време на сообраќаниот метеж во Санта Моника во понеделникот попладне.

73-годишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија беше забележан во градот додека го вози својот Хамер, без врата од страната на возачот.

Шварценегер стана првиот цивил кој купил „хамви“, па дури и го отвори патот за цивилна верзија која дебитираше во 1992 година.

Хамерите првично се произведуваа строго за армијата на САД, а  Шварци првпат ги открил возилата во 1990 година, додека го снимал „Полицаецот од градинката“ во Портленд.

Тој ги контактирал производителите „АМ џенерал“ и ги убедил да направат легална верзија за цивили. Тие го послушале, и во 1992 година првиот таков џип му го продале на sвездата на „Терминатор“.

Актерот ги купи и првите два „Икс 1 хамери“, кои беа повлечени од линијата истата година.

Треба да знаете
Последни објави