Search

Само силна индустрија значи силна економија

ВМРОД-ДПМНЕ се обврзува на реиндустријализација на Македонија, ќе  се насочиме на градење на конкурентски предности на домашните компании во преработувачката индустрија.

Врз база на претходно изработени дијагностички студии и инвестициски планови ќе бидат креирани програми и мерки за финансиска поддршка за инвестиции на оние компании чии инвестициски планови покажале најголем потенцијал за успех во градење на конкурентски предности за извоз.

Финансиската поддршка ќе биде целосно мониторирана во насока на обезбедување целосна транспарентност и ќе биде евалуирана во процесот на негова реализација со цел да се обезбеди сигурност дека се остваруваат поставените цели во инвестициските планови.

Таквата финансиска поддршка ќе биде во насока на:

  • Трансфер на нови технологии (опрема и машини);
  • Купување на лиценци и франшизи;
  • Градење на know-how работни практики;
  • Воведување на нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси;
  • Креирање на нови бизнис и организациски модели;
  • Воспоставување на современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација
  • Спроведување на истражување на пазарот, маркетинг стратегии и други промотивни активности за настап на странски пазари.

Мерката ќе подразбира финансиска поддршка од 30-50% од вкупната инвестиција, но не повеќе од 200.000 евра по компанија. Се предвидува поддршка на повеќе од 150 компании годишно. Компаниите ќе имаат обврска да ги зголемат платите на своите вработени за минимум 5% една година по завршување на инвестицискиот проект.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова на Македонија, на враќање на надежта во државата и правниот систем.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави