Search

Само СДСМ може да излезе и да бара брзи избори во ден кога имаме 3 нови мртви од коронавирус

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Само Костадин Костадинов може да излезе и да бара брзи избори во ден кога имаме 3 нови мртви од коронавирус. СДСМ некрофилска и Зоран Заев се во борба за спас на власта и по цена на човечки животи.

Република Македонија е единствена држава од регионот каде немаме намалување на бројот на случаи од коронавирус, иако државите од опкружувањето веќе и по 10 дена немаат ниту еден нов случај.

Денеска во Република Македонија имаме 3 ново починати од коронавирус, а Зоран Заев при полна свесност бара избори. Тоа е организирано убиство од политички побуди.

Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта.

Со СДСМ имаме само деструкција и загуби. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

 

Треба да знаете
Последни објави