Search

Само расфрлани делови од „реното“ на Лазаревски сведочат за трагичнатa сообраќајка

Јованче Лазаревски (43) од Драчево е возачот што го управувал автомобилот „рено 5“ кој синоќа дваесетина минити пред полноќ се забил во камион, а во сообраќајката загина петмина, две жени и тројца мажи.

Денеска на местото на сообраќајката, што се случи кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на булеварот Борис Трајковски, се забележуваа расфрлани делови од возилата. По увидот кој траел до доцна утрово, смачканиот автомобил и камионот се кренати од местото.

Вработен на бензинската пумпа „Лукоил“ ни кажа дека колегите кои ноќта биле на смена помагале на повредените.

-Јас не бев ноќта на работа, но како што знам колегите, но и лицата кои се нашле критичното време овде, веднаш истрачле и им помагале на повредените. Сликата била потресна, автомобилот бил смачкан, и едвај ги извадиле патниците. Во тоа време останатите објекти не работат, и први што истрчале беа луѓето што се затекнаа на бензинската, ни кажа вработениот.

Вработен од бензинската пумпа на „Макпетрол“, која е веднаш пред бензинска на „Лукоил“, вели дека колегите кои биле ноќта на работа помагале во извлекувањето.

-Одеднаш се чул силен тресок и еден од вработените веднаш истрачал на местото и  помогал. Сликата била страшна. Автомобилот бил смачкан и помогнал да се извадат патници кои биле згмечени во возилото. Возачот е од Драчево и критичното време одел од Драчево кон Скопје, ни кажа вработениот.

Според МВР, сообраќајката се случила во 23.40 часот, на булеварот Борис Трајковски во Скопје кога се судриле камион за отпад „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(44) од Скопје и автомобил „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Во сообраќајката возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.

Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

(Д.В.)

 

Треба да знаете
Последни објави