Search

Само Мицкоски се радува на историската грешка на ЕУ, вели дека Макрон бил во право

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

„Еве ја насловната страница од интервју на Христијан Мицкоски за Вечерњи лист, пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокраат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна! Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше”.

Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ.

На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата.

Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април.

Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски.

Лицемерие, блеф, лажен патриотизам, антидржавно и антизападно однесување, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е обновата на режимот.

Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност.  Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парлементарни избори.“

Треба да знаете
Последни објави